Колку Владата не задолжува секоја секунда?

Jавниот долг на Република Македонија расте од секунда во секунда. Јавендолг.мк (http://javendolg.mk/) е страна на која може да следите колку Владата не задолжува секоја секунда.

Целта на овој сајт е да ја зголеми информираноста за јавниот долг во Македонија и да придонесе за зголемување на транспарентноста на јавните финансии.

Проценката на растот на јавниот долг во реално време е направена на база на просечното движење на долгот од 2010 година до последниот расположлив податок. Јавниот долг, во апсолутен износ, на крајот на 2010 година изнесувал 1.936 милијарди евра, а на крајот на 2015 достигнал 4.227 милијарди. Тоа значи дека пораснал за вкупно 2.3 милијарди евра. Кога тоа ќе се подели со бројот на денови во овој период (1896), се добива дека секој ден растел во просек за 1.25 милиони евра. Тоа значи дека секој час растел просечно за 52 илјади евра, односно 15 евра просечно во секоја секунда.

Растот на долгот е особено загрижувачка појава за економијата, но и за општеството.

Извор: Фактор мк