Во вторник ново задолжување од 30 милиони евра

 

Државата во вторник ќе се задолжи за нови 30,5 милиони евра на домашниот финансиски пазар. Според најавата на аукцијата, ќе бидат издадени 6-месечни државни записи во вредност од 8,7 милиони евра и 12-месечни записи во висина од 21,8 милиони евра.

Веќе наредниот ден односно в среда, министерството за финансии треба да исплати иста толкава сума како резултат на стари задолжувања. Три дена подоцна, за враќање достасуваат уште 3,25 милиони евра.

Пред два дена, преку аукција на државни харитии од вредност, државата се задолжи за 13,4 милиони евра, сума која е за 10 милиони евра повисока од планираната.

Во меѓувреме, се очекува надлежните судски инстанци да одлучат дали дополнителниот заменик министер, од редовите на СДСМ, Кире Наумов ќе има право на вето на ваквите задолжувања. Минатата недела Управниот суд ја поништи одлуката на Државната изборна комисија, според која, Наумов нема право да става вето на задолжувањата на министерството за финансии. ДИК се` уште ја нема разгледано оваа одлуката, а министерот Ставрески истата ја обжали пред Вишиот управен суд, чија одлука исто така се очекува.  

Извор: Телма – 18.02.2016