Фондот за здравствено осигурување на РМ објавува најмногу информации за своето работење на својата официјална интернет страница. Министерството за финансии, Министерството за здравство и општина Кочани објавуваат само одредени документи и информации, поврзани со нивното работење, на нивните официјални интернет страници, но не се проактивно транспарентно. Институтот за јавно здравје на РМ, Здравствениот дом Скопје и општина Тетово не објавуваат ниту еден документ или информација, која се однесува на нивното работење, на својата официјална интернет страница.
Прочитај повеќе за наодите од анализата ...