Здружението ЕСЕ од 2009 година во континуитет работи на полето на унапредување на здравствената заштита на мајките и децата и за таа цел до сега на Министерството за здравство на Р. Македонија му има доставено повеќе предлог ‑ мерки за зголемување на опфатот на деца Роми со имунизација и превентивни здравствени услуги. Активностите на ова поле ЕСЕ ги спроведува во соработка со три ромски граѓански организации.
Имајќи го во предвид нашиот предмет на интерес и целта на проектот „Поставување на интегриран систем за здравствена заштита на мајките и децата за подобрување на здравствените исходи во Р. Македонија“ спроведуван од страна на Министерството за здравство, подготвивме анализа на програмска и финансиска имплементација на истиот. Анализата имаше за цел да го утврди влијанието на овој проект во однос на унапредувањето на здравствената заштита на мајките и децата.
Поконкретно, овој проект е финансиран преку обезбеден грант од Кралството Холандија (грант ОРИО) и истиот има за цел да ги надмине следниве состојби на загриженост утврдени од страна на Министерството за здравство:
– просечниот опфат со вакцинација во Р. Македонија изнесува приближно 95%, што се смета за низок во однос на просекот во Европа, кој изнесува 100%. Најголемите проблеми со вакцинацијата во Р. Македонија се јавуваат во сиромашните, ромските и руралните средини, каде што просекот на опфат е под 80%.
– Македонија, по стапката на раѓања, е втора во Европа, но со највисока стапка на перинатална и новороденечка смртност во Европа.
– нивото на здравствена заштита во одделенијата за имунизација е под стандардите.
– во Р. Македонија една патронажна сестра покрива 5.000 лица. Воедно, патронажните сестри имаат недоволно значење во домашниот здравствен систем и со соочуваат со недостаток на опрема и возила.
Пристапувајќи кон анализа на програмското и финансиско спроведување на овој проект утврдивме дека во Р. Македонија не постојат јавно достапни податоци по однос на овој грант, ниту пак надлежните институции споделуваат информации по поднесување на барање за пристап до информации од јавен карактер за истиот. Ниското ниво на проактивна транспарентност и отчетност на јавните институции по однос на информациите за донации, грантови и кредити е карактеристично за јавните институции во Р. Македонија.
Прочитај повеќе за наодите од анализата...