Работна група за следење на имплементацијата на активностите од компонентата “Слобода на информации” од Акциски план за Отворено Владино Партнерство 2014 – 2016 година

Со одлука на Владата на РМ донесена во 2014 година, Здружението ЕСЕ беше номинирано како член на работна група за следење на имплементацијата на активностите од компонентата “Слобода на информации” од Акциски план за Отворено Владино Партнерство 2014 – 2016 година.

Во текот на месец јануари 2015 година, здружението до Комисијата за заштита на правата за слободен пристап до информации од јавен карактер (координатор на работната група за слобода на информации) достави извештај со информации и препораки во однос на имплементацијата на дел од активностите предвидени во оваа компонента.

Прилог:

Барање номинација на член во работна група за имплементација на Акцискиот план за отворено владино партнерство