Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер на Република Македонија, кој го уредува и го гарантира правото на пристап до документи, информации и податоци од јавен карактер, предвидува неколку начини за транспарентно и отчетно работење на јавните институции и тоа: објавување на документи, информации и податоци по иницијатива на самите институции и обезбедување на документи, информации и податоци по барање на граѓаните.
Граѓаните кои сакаат да добијат одреден документ, информација и податок од јавен карактер, можат да поднесат барање до имателот на информациите и тоа: писмено, усно или по електронски пат.
За електронско барање на информации од јавен карактер, на барателите им е потребен електронски потпис, што во практиката не е воведен. Поради тоа, овој начин на барање информации не дава основа за поведување на жалбена постапка во случај побараната информација да не се добие во целост или делумно, или да се добие подоцна од законски предвидениот рок. Постапката за усно и писмено барање на информации е прецизно утврдена со законот и таа обезбедува поведување на жалбена постапка во случај на прекршување на правото на пристап до информации од јавен карактер.
fiskalnatransparentnost.org.mk, како електронска платформа за поднесување на барања по електронски пат и покрај неможноста за поведување на жалбена постапка во случај на прекршување на правото на пристап до информации од јавен карактер, има за цел да ѝ помогне на јавноста поедноставно да поднесува барања и побрзо да добива одговор од јавните институции, но исто така и да ја тестира реактивноста на институциите, односно нивната подготвеност за споделување на информации со пошироката јавност.
Како корисници на оваа електронска платформа Ве предупредуваме дека може да се случи одредени институции од кои ќе ја побарате информацијата од јавен карактер да одлучат да не ви одговорат поради немање на електронски потпис. Во тој случај, Ве упатуваме да ја искористите можноста за писмено и лично поднесување на барање за слободен пристап до информации од јавен карактер до институцијата од која ја барате информацијата (постапка опишана под точка 2).
Платформата, исто така, нуди и можност за објавување на сите информации и податоци што јавните институции им ги обезбедиле на барателите (кои поднеле барања преку оваа платформа), мерење на временскиот период поминат од моментот кога е поставено прашањето до моментот кога е добиен одговорот и следење на фазата во која се наоѓа постапката.
Личните податоци на барателите на информации преку оваа платформа ќе бидат целосно заштитени.
Кои јавни институции се сметаат за иматели на информации од јавен карактер?
Јавни институции што се сметаат за иматели на информации од јавен карактер: