За fiskalnatransparentnost.org.mk

 

fiskalnatransparentnost.org.mk е интернет‑платформа развиена од Здружението ЕСЕ и е прва од овој тип во Република Македонија. Таа има за цел да:

  • ги запознае граѓаните за важноста од транспарентност и отчетност во фискалното работење, меѓународните и националните стандарди за регулирање на фискалната транспарентност, тековните случувања во оваа област во Република Македонија и светот, поважните материјали од оваа област и нивото на проактивност и реактивност на јавните институции во Република Македонија;
  • го олесни пристапот до информации од јавен карактер;
  • ги охрабри граѓаните да бараат и да користат информации од јавен карактер.

fiskalnatransparentnost.org.mk е поделена на осум засебни целини и тоа:

  • што претставува фискалната транспарентност – ја дефинира фискалната транспарентност и ја прикажува нејзината важност;
  • регулирање на фискалната транспарентност – ги систематизира домашните и меѓународните правилата и прописите што ја регулираат фискалната транспарентност и транспарентноста воопшто;
  • побарај информации од јавните институции – овозможува едноставна и директна комуникација на јавноста со претставниците на јавниот сектор;
  • колкаво е нивото на реактивна и проактивна транспарентност – го прикажува нивото на проактивност и реактивност на јавните институции во Република Македонија;
  • база на фискални податоци – содржи податоци што се однесуваат на програмското и буџетското работење на јавните институции; 
  • публикации – овозможува пристап до публикации и материјали од оваа област;
  • за ЕСЕ – активностите што ги спроведува Здружението ЕСЕ во оваа област.

 

Контактирај со администраторот:

Максим Горки 20/1-4  Скопје, Република Македонија

 esem@esem.org.mk

++ 389 2 3298 295

++ 389 2 3211 453

  ++ 389 71 266 101

http://www.esem.org.mk