-
Чекор 1: Со притискање на полето изберете институција од која сакате да добиете информација.
-
Чекор 2: Внесете ја адресата на е‑пошта (e-mail) на која сакате да Ви пристигне одговорот.
-
Чекор 3: Полето не е задолжително.
- Чекор 4: Внесувате краток наслов со кој ќе го информирате службеникот, што ќе ја прими пораката, за содржината на Вашето барање. На пример: барање за образложување на постапката за остварување на правото на субвенции за одгледување на живина итн.
- Чекор 5: Внесете конкретното прашање. Ве молиме избегнувајте да поставувате прашања на кои можете да добие одговор само со ДА или НЕ. Избегнувајте прашања како: Дали треба да поседувам земјоделско земјиште за да остварам право на субвенции за одгледување на живина?
Прашањето формулирајте го на следниот начин: Кои услови треба да ги исполнам за да го остварам правото на субвенции за одгледување на живина?
- Чекор 6: Со притискање на копчето ИСПРАТИ го потврдувате и го испраќате своето барање до саканата институција.
По притискање на копчето ИСПРАТИ, пораката/барањето се испраќа на официјалната адреса на е-пошта (e-mail) на лицата од избраната институција назначени како лица одговорни за посредување со информации од јавен карактер (наведена во официјалната листа на Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер). Воедно, пример од доставената порака се испраќа и на адресата на е-пошта (e-mail) на праќачот/барателот.
Примачот и праќачот/барателот ќе ја добијат пораката со назнака дека таа е испратена преку платформата fiskalnatransparentnost.org.mk. Пораката ќе содржи линк со чие притискање примачот ќе може да одговори на поставеното прашање.
Сите поставени прашања и добиени одговори преку оваа платформа ќе бидат објавени во рубриката „Побарај информации од јавните институции/Поставени прашања и добиени одговори“. Воедно, покрај секое објавено прашање ќе стои статусот од фазата во која се наоѓа, како на пример: чека на одговор, одговорено или неодговорено. Името и адресата на е-пошта (e-mail) на барателот се сметаат за строго доверливи и нема да бидат објавени.
За корисникот/барателот е важно да знае дека рокот за добивање на одговор по поднесеното барање, согласно со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, е 30 дена од денот на поднесување на барањето. Во случај да не добиете одговор во овој рок, Ве молиме да пополните и лично да поднесете барање по писмен пат до релевантната институција. За ова повеќе информации ќе најдете во делот: Поднеси барање лично.
Доколку се соочувате со одредени проблеми при користење на платформата или пак Ви е потребна помош, Ве молиме да го известите администраторот на оваа платформа на следната адреса на е-пошта: esem@esem.org.mk или преку тел. број 02 3298 295.