Устав на РМ

 

Тргнувајќи од историското културно, духовно и државно наследство на македонскиот народ и од неговата вековна борба за национална и социјална слобода и за создавање своја држава, а посебно од државно-правните традиции на Крушевската република и историските одлуки на АСНОМ и уставно-правниот континуитет на македонската држава како суверена република во Федеративна Југославија, од слободно изразената волја на граѓаните на Република Македонија на референдумот од 8 септември 1991 година, како и од историскиот факт дека Македонија е конституирана како национална држава на македонскиот народ во која се обезбедува целосна граѓанска рамноправност и трајно сожителство на македонскиот народ со Албанците, Турците, Власите, Ромите и другите националности кои живеат во Република Македонија, а со цел: Република Македонија да се конституира како суверена и самостојна и како граѓанска и демократска држава;  да се воспостави и изгради владеењето на правото како темелен систем на власта; да се гарантираат човековите права, граѓанските слободи и националната рамноправност; да се обезбеди мир и сожителство на македонскиот народ со националностите кои живеат во Република Македонија и да се обезбеди социјална правда, економска благосостојба и напредок на личниот и заедничкиот живот, Собранието на Република Македонија, донесува УСТАВ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.

Клучни одредби од уставот кои се однесуваат на пристап до информации од јавен карактер:

“Член 16 - Се гарантира слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата. Се гарантира слободата на говорот, јавниот настап, јавното информирање и слободното основање на институции за јавно информирање.Се гарантира слободниот пристап кон информациите, слободата на примање и пренесување на информации.”

Прилог, текст на Уставот...