Закон за буџетите

 

Објавен во Службен весник број: 64/2005

Датум на објавување: 03.08.2005

Хронологија на измени и дополнувања: 64/2005; 4/2008; 103/2008; 156/2009; 95/2010; 180/2011; 171/2012; 192/2015; 167/2016; 

 

Што уредува овој закон: Со овој закон се уредува постапката за изготвување, донесување, извршување на Буџетот на РМ и буџетите на единиците на локалната самоуправа и на градот Скопје и известување за извршување на истите.

 

Клучни одредби од овој закон кои се однесуваат на тренспарентнот и отчетност:

Член 3, став 2, точка 7 – Транспарентност подразбира достапност на јавноста во сите фази на подготовка и извршување на буџетот.”

Член 13, став 1 – Буџетската класификација се користи за идентификување на специфичните намени на буџетските средства, за контрола на наменското користење на одобрените средства со буџетот при извршување на буџетот и за изготвување на потребните анализи, извештаи и годишни сметки”

Член 37, став 2 – Буџетите се извршуваат во согласност со начелата на сеопфатност и специфичност, економичност, ефикасност, ефективност, транспарентност и сигурно финансиско управување.”

Член 37, став 3 – Собранието на РМ за извршување на Буџетот на РМ донесува посебен закон.”

Глава 7 – ТРАНСПАРЕНТНОСТ НА БУЏЕТИТЕ, член 53, став 1, 2, 3, 4 и 5 – Извештаите за извршување на Буџетот на РМ се објавуваат на веб страницата на Министерството за финансии на месечна основа. Министерството за финансии најдоцна до 31 јули во фискалната година доставува до Владата извештај за извршувањето на Буџетот на Република Македонија за првите шест месеци. Кон извештајот за извршување на буџетот се приложува ажуриран извештај за макроекономските индикатори и проектираните приходи, преземени обврски и расходи за буџетската година. Општината го подготвува извештајот за извршување на буџетот согласно овој закон.”

Глава 7 – ТРАНСПАРЕНТНОСТ НА БУЏЕТИТЕ, член 54, став 1 и 2 – Буџетот на РМ и завршната сметка на буџетот на РМ се објавуваат во Службен весник на РМ. Буџетот на општината и завршната сметка на општината се објавуваат во службеното гласило на општината.”

Глава 7 – ТРАНСПАРЕНТНОСТ НА БУЏЕТИТЕ, член 55 – Буџетските корисници и единки корисници се должни да водат сметководство и да вршат внатрешна ревизија согласно со закон.”

Прилог, консолидиран текст на законот...