Закон за државната ревизија

 

Објавен во Службен весник број: 66/2010

Датум на објавување: 13.05.2010

Хронологија на измени и дополнувања: 66/2010; 145/2010; 12/2014; 43/2014; 154/2015; 192/2015; 27/2016; 83/2018;

 

Што уредува овој закон: Со овој закон се уредуваат условите и начинот на вршење на државната ревизија, како и организацијата и надлежностите на Државниот завод за ревизија.

Клучни одредби од овој закон кои се однесуваат на тренспарентнот и отчетност:

Член 18 - Државната ревизија се врши согласно со ревизорски стандарди на Меѓународната организација на врховните ревизорски институции (ИНТОСАИ) и правилата утврдени со Кодексот на етика на ИНТОСАИ, кои ги објавува министерот за финансии во Службен весник на Република Македонија. Државниот завод за ревизија врши ревизија на регуларност и ревизија на успешност.”

Член 19 - Државната ревизија, во смисла на овој закон, опфаќа: 1) испитување на документите, исправите и извештаите, сметководствените и финансиските постапки, електронските податоци и информационите системи и други евиденции од аспект на тоа дали финансиските извештаи вистинито и објективно ја искажуваат финансиската состојба и резултатот на финансиските активности во согласност со прифатените сметководствени начела и сметководствени стандарди; 2) испитување и оцена на извештаите на извршената интерна контрола и јавна внатрешна финансиска контрола, испитување и оцена на системот на финансиски менаџмент и контрола; 3) испитување на финансиските трансакции кои претставуваат јавни приходи и јавни расходи во смисла на законско и наменско користење на средства; 4) давање оцена за користење на средствата од аспект на постигнатата економичност, ефикасност и ефективност и 5) давање оцена за преземените мерки од страна на субјектите предмет на ревизија, во врска со утврдените состојби и дадените препораки содржани во конечниот ревизорски извештај.”

Член 22, став 1 - Државната ревизија се врши на Собранието на Република Македонија, Претседателот на Република Македонија, Буџетот на Република Македонија и буџетите на општините, буџетските корисници, единките корисници, јавните претпријатија, трговските друштва во кои државата е доминантен акционер, агенциите и другите институции основани со закон, другите институции финансирани со јавни средства, Народната банка на Република Македонија, политичките партии финансирани со средства од Буџетот, на корисници на средства од Европската унија (освен на системот за имплементација, раководење и контрола на инструментот за претпристапна помош во Република Македонија) и на корисници на средства од други меѓународни институции (во натамошниот текст: субјект на ревизија).”

Член 23 - Државната ревизија задолжително еднаш годишно се врши на Буџетот на Република Македонија и на буџетите на фондовите, а на другите субјекти на ревизија од членот 22 на овој закон се врши во рокови утврдени со годишната програма за работа на Државниот завод за ревизија. А пак, Државниот завод за ревизија ја доставува годишната програма за работа до Собранието на Република Македонија најдоцна до декември тековната година за наредната година, заради информирање.”

Член 31, став 2 - Главниот државен ревизор на интернет (веб) страницата на Државниот завод за ревизија ги објавува конечните ревизорски извештаи и забелешките ...”

Член 33, став 1 - Државниот завод за ревизија до Собранието на Република Македонија го доставува на разгледување Годишниот извештај за извршени ревизии и за работата на Државниот завод за ревизија до 30 јуни во тековната година за претходната година.”

Член 34 - Државниот завод за ревизија по истекот на секоја фискална година, а пред усвојувањето на завршната сметка на Буџетот на Република Македонија, изготвува ревизорски извештај за Буџетот на Република Македонија и го доставува до Собранието на Република Македонија.”

Прилог, консолидиран текст на законот...