Објавен во Службен весник број: 61/2004
Датум на објавување: 13.09.2004
Хронологија на измени и дополнувања: 61/2004; 96/2004; 67/2007; 156/2009; 47/2011; 192/2015;
Што уредува овој закон: Со овој закон се уредува финансирање на единиците на локалната самоуправа.
Клучни одредби од овој закон кои се однесуваат на тренспарентнот и отчетност:
“Член 7, став 1 и 2 – За задоволување на определени потреби на граѓаните, општината може да воведе самопридонес преку референдум и со одлука на советот се уредува намената, областа, времето за кое се воведува самопридонесот, ... вршењето на надзор од граѓаните над наменското користење на средствата и други прашања.”
“Член 27, став 4 – Роковите за планирање на општинскиот буџет се регулираат со буџетски календар донесен од советот на општината.”
“Член 32, став1, 2, 3 и 4 – Општинските буџетски корисници во рок од 15 дена по истекот на месецот за кој се однесува до градоначалникот доставуваат месечни извештаи со образложение за извршувањето на нивните финансиски планови. Градоначалникот до Министерството за финансии и до советот на општината доставува квартални извештаи за извршување на буџетот во рок од еден месец по завршувањето на кварталот. По усвојување на извештаите градоначалникот ја известува јавноста, а пак при неусвојување претседателот на советот јавно ги објавува причините за неусвојување”
“Член 33, став 1, 2, 3, 4 и 5 – Градоначалникот ја доставува годишната сметка до советот на општината најдоцна до 28 февруари, советот ја донесува годишната сметка најдоцна до 15 март и ја доставува до Министерството за финансии најдоцна до 31 март. По донесување на годишната сметка, градоначалникот ја информира јавноста. ”
“Член 38 – Државниот завод за ревизија врши редовни годишни ревизии на сите финансиски извештаи на општината ...”
“Во овој закон нема одредби со кои се регулира учеството на граѓаните во постапките за однесување на одлуки од локална важност, како и нема одредби со кои се регулира проактивноста во објавувањето на информации и податоци. Наедно,нема прекршочни санкции за не вклучување на граѓани во процесите на одлучување и проактивно необјавување на информации.”
Прилог, консолидиран текст на законот...