Закон за користење на податоците од јавниот сектор

 

Објавен во Службен весник број: 27/2014

Датум на објавување: 05.02.2014

 

Што уредува овој закон: Со овој закон се уредуваат обврските на органите и институциите од јавниот сектор за јавно објавување на податоците кои ги создале во остварувањето на своите надлежности согласно закон, со цел да овозможат користење на тие податоци од страна на правни и физички лица за создавање на нови информации, содржини, апликации и услуги. Надзор врз спроведување на одредбите од овој закон врши Министерството за информатичко општество и администрација

Клучни одредби од овој закон кои се однесуваат на пристап до информации од јавен карактер:

Член 2, став 1, точка 3 и 4 – Целта на овој закон е со користење на податоците од јавниот сектор да се поттикне: ... – зголемена отчетност и транспарентност на јавниот сектор, - подобрување на квалитетот на податоците од јавниот сектор...”

“Член 3 - Исклучоци од примената на Законот - Предмет на користење се сите податоци од јавниот сектор освен: а) податоците што се исклучени со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер; б) податоците до кои пристапот е ограничен со закон; в) податоците чие создавање не е предмет на органот или институцијата од јавниот сектор; г) податоците врз кои трети страни имаат право на интелектуална сопственост; д) податоците што му припаѓаат на јавниот радиодифузен сервис, неговите дописништва и податоците на институциите задолжени за овозможување на емитувањето на јавниот радиодифузен сервис; ѓ) податоците кои им припаѓаат на органите и институциите кои вршат образовна или истражувачка дејност, вклучително и организации основани за размена на истражувачки резултати и е) податоците кои им припаѓаат на установите од областа на културата со исклучок на библиотеките, музеите и архивите.”

Член 4, став 2, 3, 6, 7 и 9 - Информација екоја било содржина без разлика на средството со кое се пренесува (напишано на хартија или зачувано во електронска форма како звук, визуелна или аудиовизуелна снимка) или кој било дел на таквата содржина. Податок е квалитативна или квантитативна вредност, односно засебен дел од една информација. Податоци од јавен сектор се податоците кои органите и институциите од јавниот сектор ги создаваат во текот на работењето согласно законските надлежност. Централен каталог на податоци од јавниот сектор е на интернет достапна алатка која на корисниците преку целосен текст или уреден збир на метадата им овозможува пристап до податоци од документи или збирки во електронска форма. Отворен формат е формат на податок кој не е зависен од платформата и е достапен за јавноста без никакви ограничувања со кои би се попречило користењето на податокот.”

“Член 4, став 2, 3, 6, 7 и 9 - Информација е која било содржина без разлика на средството со кое се пренесува (напишано на хартија или зачувано во електронска форма како звук, визуелна или аудиовизуелна снимка) или кој било дел на таквата содржина. Податок е квалитативна или квантитативна вредност, односно засебен дел од една информација. Податоци од јавен сектор се податоците кои органите и институциите од јавниот сектор ги создаваат во текот на работењето согласно законските надлежност. Централен каталог на податоци од јавниот сектор е на интернет достапна алатка која на корисниците преку целосен текст или уреден збир на метадата им овозможува пристап до податоци од документи или збирки во електронска форма (www.otvorenipodatoci.gov.mk). Отворен формат е формат на податок кој не е зависен од платформата и е достапен за јавноста без никакви ограничувања со кои би се попречило користењето на податокот.”

“Член 5, став 1 - Органите и институциите од јавниот сектор се должни согласно со нивните технички можности да објават податоци кои ги создаваат во вршењето на своите надлежности кои ќе ги направат достапни за користење, освен податоците од членот 3 од овој закон.”

Член 5, став 4 - Податоците од ставот 1, член 5 покрај во читлив формат треба да бидат објавени како необработени податоци во компјутерски обработлив формат и да бидат достапни во отворен формат заедно со нивната метадата до најниското нивно на деталност. Форматот и метадатата треба да бидат усогласени со формалните отворени стандарди за обезбедување на софтверска интероперабилност.”

Член 5, став 6 - Органите и институциите од јавниот сектор се должни податоците од ставот 1, член 5,  да ги ажурираат согласно со динамиката што сами ја утврдуваат, обезбедувајќи точност на податоците, притоа наведувајќи го на видно место датумот на последното ажурирање.”

Член 9, став 1 и Член 10, став 1 -Користењето на податоците од јавниот сектор е слободно, а Користењето на објавените податоците од јавниот сектор е бесплатно.”

Прилог, консолидиран текст на законот...