Закон за организација и работа на органите на државната управа

 

Објавен во Службен весник број: 58/2000

Датум на објавување: 21.07.2000

Хронологија на измени и дополнувања: 58/2000; 44/2002; 82/2008; 167/2010; 51/2011

 

Што уредува овој закон: Со овој закон се уредуваат организацијата, надлежностите и работата на органите на државната управа.

Клучни одредби од овој закон кои се однесуваат на граѓанско учество во работењето на извршната власт:

“Член 2 - Органите на државната управа, како дел од извршната власт, се основаат во областите и подрачјата кои се од значење за вршење  на функциите на државата и за ефикасно остварување на правата и должностите на граѓаните и правните лица.”

“Член 3 - Органите на државната управа своите надлежности утврдени со закон ги извршуваат врз основа на начелата на законитост, одговорност, ефикасност, економичност, транспарентност, еднаквост и предвидливост.”

“Член 4 - Органите на државната управа во рамките на својата надлежност се должни да им обезбедат на граѓаните ефикасно и законито остварување на нивните уставни слободи и права.”

“Член 9 - (1) Органите на државната управа ја информираат јавноста за својата работа во согласност со Уставот и со закон. (2) Органите на државната управа не даваат податоци кои се однесуваат на националната безбедност, службена и деловна тајна, како и на личните податоци за граѓаните согласно со закон со кој се уредува заштитата на личните податоци на граѓаните.”

“Член 10 - Органите на државната управа при подготвувањето на законите и другите прописи од својата надлежност обезбедуваат консултации со граѓаните преку: 
1)  јавно објавување на видот, содржината и роковите за донесување на законите и други прописи;  2)  организирање јавни трибини и 3) прибавување мислење од заинтересираните здруженија на граѓани и други правни лица и слично.”

Прилог, консолидиран текст на законот...