Објавен во Службен весник број: 82/2008
Датум на објавување: 08.07.2008
Хронологија на измени и дополнувања: 82/2008; 56/2009; 13/2013
Што уредува овој закон: Со овој закон се уредува постапувањето по претставки и предлози поднесени до Претседателот на РМ, Собранието на РМ, Владата на РМ, судовите, органите на државната управа, единиците на локалната самоуправа, јавните установи и служби и други органи и организации што вршат јавни овластувања.
Клучни одредби од овој закон кои се однесуваат на граѓанско учество на локално ниво:
“Член 2 - Под претставка, односно предлог, во смисла на овој закон, се подразбира секое писмено или усно обраќање на подносителите до органите кои постапуваат по претставките, односно предлозите заради заштита на своите права и интереси, јавните интереси утврдени со закон и заради поведување на друга иницијатива од јавен интерес.”
“Член 3, алинеја еден и два – Подносител на претставка, односно предлог може да биде секое физичко или правно лице. Подносителот на претставката, односно предлогот не смее да биде повикан на одговорност, ниту да трпи какви било штетни последици поради поднесувањето на претставката, односно предлогот и изнесувањето на ставовите и мислењата, освен ако со тоа не е сторено кривично дело.”
Прилог, консолидиран текст на законот...