Објавен во Службен весник број: 61/2002
Датум на објавување: 26.07.2002
Хронологија на измени и дополнувања: 61/2002; 98/2002; 81/2005; 24/2011; 145/2015; 170/2017;
Што уредува овој закон: Со овој закон се уредува водењето на сметководството, деловните книги, сметководствените документи и обработката на податоците, признавањето на приходите и расходите, проценувањето на билансните позиции, ревалоризацијата, финансиските извештаи, доставувањето и финансиските извештаи и други прашања во врска со сметководството на Буџетот на Република Македонија, буџетите на единиците на локалната самоуправа, буџетите и фондовите, корисниците и единките корисници на средства од буџетите, како и на другите правни лица за кои средствата за вршење на основната дејност претежно се обезбедуваат од буџетите (во натамошниот текст: буџети и буџетски корисници).
Клучни одредби од овој закон кои се однесуваат на тренспарентнот и отчетност:
“Член 2 - (1) Буџетите и буџетските корисници се должни да водат сметководство, составуваат и поднесуваат финансиски извештај во согласност со овој закон и прифатените сметководствени принципи, сметководствено прифатената практика и сметководствени стандарди, со цел за точно, вистинито, сигурно, сеопфатно, благовремено, ажурно и поединечно искажување на билансните позиции, состојбата на средствата од буџетот и другите средства, обврските, изворите на средства, приходите и другите приливи и расходите и другите одливи и резултатите од работењето. (2) Обврската за обезбедување на податоци за состојбата на средствата во врска со имотот не се однесува на сметководството на Буџетот на Република Македонија и сметководство.”
“Член 4 - (1) Буџетите и буџетските корисници се должни во своето сметководство да обезбедат податоци поединечно по сите видови на приходи и други приливи, за расходите и другите одливи, како и за состојба на средствата, обврските и изворите на средствата. (2) Обврската за обезбедување на податоци за состојбата на средствата во врска со имотот не се однесува на сметководството на Буџетот на Република Македонија и сметководството на буџетите на единиците на локалната самоуправа. (3) Податоците од ставот (1) на овој член се обезбедуваат поединечно - по буџетски корисници.”
“Член 7 - (2) Сите податоци регистрирани во деловните книги и во другите извештаи мораат да бидат целосни и комплетирани, навремени, ажурирани и да бидат презентирани хронолошки, односно точно да го одразуваат временскиот редослед на нивното настанување.”
“Член 11 - (3) Буџетите и буџетските корисници се должни, независно од начинот нa водењето и чувањето на книгите, во секое време да обезбедат достапност на истите, да ги чуваат и да ги заштитат во рокот утврден за тоа, и мораат да гарантираат дека тие можат да бидат презентирани во секое време.”
Прилог, консолидиран текст на законот...