Закон за заштита на личните податоци

 

Објавен во Службен весник број: 7/2005

Датум на објавување: 01.02.2005

Хронологија на измени и дополнувања: 7/2005; 103/2008; 124/2008; 124/2010; 135/2011; 43/2014; 153/2015; 99/2016; 64/2018;

 

Што уредува овој закон: Со овој закон се уредува заштитата на личните податоци како основни слободи и права на физичките лица, а особено правата на приватност во врска со обработка на личните податоци.

Клучни одредби од овој закон кои се однесуваат на пристап до информации од јавен карактер:

Член 2, став 1 – Личен податок е секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува, а лице кое може да се идентификува е лице чиј идентитет може да се утврди директно или индиректно, посебно врз основа на матичен број на граѓанинот или врз основа на едно или повеќе обележја специфични за неговиот физички, физиолошки, ментален, економски, културен или социјален идентитет.”

Член 2, став 4 – Субјект на лични податоци е секое физичко лице на кое се однесуваат обработените податоци.”

Член 4-а – Членовите за заштита на личните податоци нема да се применуваат за литературниот и уметничкиот израз и професионалното новинарство во случај кога преовладува јавниот интерес над приватниот.

Член 5, став 2 – По истекот на рокот на чување, личните податоци може да се обработуваат само за историски, научни или статистички цели.”

Член 34, став 5 – Личните податоци кои се обработени во научно - истражувачки и статистички цели не можат да се даваат на користење на корисник во форма која овозможува идентификација на лицето на кое се однесуваат личните податоци.”

Прилог, консолидиран текст на законот...