Што работиме сега

Претходно|12345678|Следно

Консултативни средби за подготовка на Акциски план за Отворено Владино Партнерство 2014 – 2016 година

Здружението ЕСЕ во периодот од јануари до мај 2014 година учествуваше во работните групи за развивање на компонентите “Слобода на информации” и  “Ефикасно управување со јавните ресурси – фискална транспарентност” од Акциски план за Отворено Владино Партнерство 2014 – 2016 година. Консултативниот процес беше спроведен во координација со Министерството за информатичко општество и администрација, координатор на иницијативата за Отворено Владино Партнерство во РМ.

Пред почетокот на консултативните средби, Здружението ЕСЕ спроведе постапка за прибирање на предлози за унапредување на транспарентноста во работењето на јавните институции со следните граѓански организации од РМ: Коалиција “Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници”, ХОПС – Опции за здрав живот, НВО КХАМ Делчево, НВО ЦДРИМ,...Повеќе

Работна група за следење на имплементацијата на активностите од компонентата “Слобода на информации” од Акциски план за Отворено Владино Партнерство 2014 – 2016 година

Со одлука на Владата на РМ донесена во 2014 година, Здружението ЕСЕ беше номинирано како член на работна група за следење на имплементацијата на активностите од компонентата “Слобода на информации” од Акциски план за Отворено Владино Партнерство 2014 – 2016 година.

Во текот на месец јануари 2015 година, здружението до Комисијата за заштита на правата за слободен пристап до информации од јавен карактер (координатор на работната група за слобода на информации) достави извештај со информации и препораки во однос на имплементацијата на дел од активностите предвидени во оваа компонента.

Прилог:

Барање номинација на член во работна група за имплементација на Акцискиот план за отворено владино партнерство

 

...Повеќе

Работна група за следење на имплементацијата на активностите од компонентата “Ефикасно управување со јавните ресурси – фискална транспарентност” од Акциски план за Отворено Владино Партнерство 2014 – 2016 година

 

Со одлука на Владата на РМ донесена во 2014 година, Здружението ЕСЕ беше номинирано како член на работна група за следење на имплементацијата на активностите од компонентата “Ефикасно управување со јавните ресурси – фискална транспарентност” од Акциски план за Отворено Владино Партнерство 2014 – 2016 година.

На 12 јануари 2015 година, здружението учествуваше на работна средба во Министерството за финансии на кој беа образложени наодите на ЕСЕ во однос на имплементацијата на мерките од компонентата за фискална транспарентност и беа дадени препораки до работната група. Здружението ЕСЕ по работната средба своите наоди и препораки ги достави до работната група во писмена форма, а истите како такви влегоа во финалната квартална информација која работната група ја достави до Владата н РМ.

Прилог:

...Повеќе

Европска регионална конференција на граѓански организации и влади - Даблин, Ирска – 07-09 мај 2014

 

Здружението ЕСЕ како организација која континуирано работи на унапредување на пристапот до информации од јавен карактер, отворање на буџетските податоци со кои располагаат јавните институции, олеснување и зголемување на партиципативноста во постапките на креирање на јавни политики и промоција на правото на информираност и партиципација во Република Македонија, во периодот од 07 до 09 мај 2014 година ќе биде дел од Европската регионална конференција на граѓански организации и влади во Даблин, Ирска. Конференцијата е организирана од Министерството за трошоци на Ирска и претставува редовна годишна конференција на земјите членки на иницијативата за Отворено Владино Партнерство. ЕСЕ во периодот од јануари до април 2014 година зема активно учество во процесот на подготовка на Акцискиот план за Отворено Владино Партнерство на Р. ...Повеќе


Publish What You Fund will present the 2015 U.S. Aid Transparency Review on July 1st 2015

 

Publish What You Fund will present the 2015 U.S. Aid Transparency Review on July 1st 2015

 Where
FHI360
1825 Connecticut Avenue NW Washington, DC 20009

 When
Wednesday July 1, 2015
10:30 am- noon.
Followed by a light lunch

 RSVP by June 24th
Email Nicholas Winnett 

 Panel

 Mr. Emmanuel Abdulai, Executive Director, Society for Democratic Initiatives

 Ms. Angelique Crumbly, Assistant Administrator, Bureau for Management, USAID

 Mr. Larry McDonald, Deputy Assistant Secretary for Technical Assistance Policy, Department of the Treasury

 Mr. Hari Sastry, Director, Office of U.S. Foreign Assista...Повеќе


Претходно|12345678|Следно